Петгодишно девојче со неизлечив рак доби специјална забава за својот последен роденден.
Малечката Лајла Меј Скоу од Орегон се забавуваше со принцезите на Дизни, се возеше на кочија, стана принцеза и одигра емотивен „свадбен“ танц со својот татко за време на прослава организирана со помош на лица од целиот свет.
Имено, на Лајла ѝ бил дијагностициран невробластом во четврти стадиум кога имала само 2 години и оттогаш поминала низ 9 операции и повеќе хемотерапии. Неодамна докторите ја прекинале 3-годишната битка на Лајла со болеста, бидејќи нејзиното тело не било доволно силно за да поднесе понатамошно лекување. Кога на родителите им било соопштено дека на нивната ќерка ѝ преостануваат уште неколку месеци живот, тие знаеле што треба да направат.
Со помош од сограѓани, но и со донации од добродушни лица од целиот свет, Лајла добила специјално изненадување – роденденска, матурска и свадбена прослава. „Прво сакавме да направиме само добра роденденска забава со принцези, но нашето време со Лајла е ограничено. Одлучивме да ѝ приредиме матурска прослава која никогаш нема да ја доживее и свадба“ – рекол Рајан, таткото на Лајла.