Едно лице е уапсено во голема полициска акција во белгискиот главен град. Специјалните единици на федералната полиција соопшти дека кај уапсениот била пронајдена торба која била полна со експлозив. Од полицијата соопштија дека тој бил поврзан со терористичките напади кои се случија во вторникот и со лицето кое вчера беше уапсено во Париз. Белгиските медиуми јавуваат дека во текот на акцијата се слушнале најмалку две експлозии.
А Белгиската полиција доцна синоќа уапси шест лица поради поврзаност со терористичките напади на аеродромот и метро станицата во Брисел. Повикувајќи се на извори од истрагата, белгиските медиуми објавија дека уапсените планирале напади слични како оние што се случија во Париз минатата година.
Белгиската полиција идентификувала уште едно лице кое имало важна улога во нападите во Брисел. Станува збор за 28 годишниот Сириец Наим ал Хамед за кого полицијата вели дека учествувал и во нападите во Париз. А потерницата по Наџим Лахрауи денеска е отстранета од интернет страната на белгиската полиција.
Од таму засега не ја коментираат ваквата одлука и додадоа дека одлуката за објавување или отстранување на потерници е задача на обвинителството.
Белгија повторно ќе испрати борбени авиони против екстремистичката Исламска држава, изјави денеска белгискиот премиер Шарл Мишел, потврдувајќи дека неговата земја ќе учествува во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.
Американската телевизија NBC, соопшти дека американските власти имале информации и за третиот учесник во терористичките напади во Брисел. Лицето кое било регистрирано од камерите пред нападот на аеродромот, бил на списокот на САД за осомничени терористи. Дел од западните медиуми објавија дека браќата Халид и Ибрахим Бакрауи исто така биле на списокот на американските власти.
Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Кузнев соопшти дека било уапсено едно лице кое планиралo да изврши нови напади во Париз.