Престрашената Селена Гомез открива зошто Џејмс Франко тврди дека имаат дете


Најновата фотографија која ја објави холивудскиот актер Џејмс Франко предизвика голем метеж кај фановите на пејачката Селена Гомез, иако е очигледно дека се работи за уште една шега на познатиот актер.

Тој на социјaлните мрежи објави фотографија од Селена која во своите прегратки носи бебе на кое му се насмевнува и коментар под фотографијата:
– Селена и јас имаме дете. Тоа е плод на нашата љубов за време на снимањето на филмот „Spring break“.james-franco-selena-gomez-baby

Кога новинарите ја контактирале Селена да даде коментар таа објаснила дека Џејмс само се соживеал со улогата бидејќи повторно заедно соработуваат на филмот „In dubious battle“, кој ја обработува економската криза во 1930-те години.

– Тој е постојано во ликот кој го толкува и неговата глума не прекинува ни кога камерите ќе се изгаснат. Сепак, тоа ми оди во прилог бидејќи мојот лик во овој филм е престрашен од ликот кој го толкува Франко, а и самата долго време бев престрашена од неговото однесување. Но, како што одминуваше времето сфатив дека тоја е еден од најинтелигентните луѓе кои сум ги запознала. Тој е прекрасен , верувајте ми – изјавила 22-годишната актерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1