Таа баш го сака бракот: Била мажена за 8 мажи истовремено


Њујорчанката Лијана Баријентос поради документи за постојан престој, истовремено била во брак со осум лажни младоженци со потекло од Египет, Турција, Грузија, Пакистан и Мали.

Таа е обвинета дека имала лажни бракови со десет мажи во рамки на измама на имиграционите власти со цел да им обезбеди документи за престој во САД.Lijana-u-sudu500

Помошничката на окружниот судија Џесика Лупо изјавила дека во еден момент Лијана наводно била мажена за осум мажи имигранти во Њујорк.

Баријентос кој живее во њујоршкиот кварт Бронкс се изјаснила дека не е виновна по две точки од обвинението – дека поднесувала лично барање за венчавање и за венчалниот лист.

Тужителите изјавиле дека лажните младоженци претежно биле од блискиот Исток и од Африка.

Во кривичната пријава се наведува дека њујорчанката била уапсена по испитувањето на нејзиниот последен лажен брак. Тој венчален лист бил пријавен во 2010 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1