Од 4 месеци до 1 година затвор заработија деветмина од обвинетите за насилствата кои се случија на 2. март, на протестите за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана Талат Џафери.
Судот пресуди вкупно 12 години затвор за 14 обвинети во процесот за немирите на Битпазар од зимава. Петмина од нив добија затвориски казни од по 8 месеци, еден 5 месеци, четворица по шест месеци условно,еден десет месеци условни, еден три месеци затвор, а највисока казна од една година доби обвинетиот кој е во бегство.
За тројца од обвинетите судот го повлече обвиниението поради недостиг на докази.
Обвинетиот кој е во бегство доби највисока затворска казна од една година. Шестмина обвинети добија условни казни, додека ослободителна пресуда заработија тројца од вкупно седумнаесетмината обвинети. Сите кои беа притворени, од денеска се на слобода, се до правосилноста на пресудите.
17 мината обвинети се товарат за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Според обвинението, толпата направила штета од речиси 9 милиони денари. Разбеснетите протестанти, на 2. март демолираа неколку полициски возила, преку 15 приватни возила, 10 тина прозорци, две автобуски постојки и два автобуси на ЈСП. Насилниците запалија и автобус со број 9 на ЈСП и ги каменуваа противпожарните возила кои пристигнаа да интервенираат.
Во протестите беа повредени и 20 тина полицајци.