Пресуда за Алмир Дрпљанин за убиството кај ПМФ


Во Основниот суд Скопје 1 на пладне ќе биде соопштена пресудата за Алмир Дрпљанин обвинет за нападот врз патролата на припадниците на мобилната „Алфа“ единица кај Природно математичкиот факултет во Скопје во ноември 2008 година, во кој беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца негови колеги за влакно ја избегнаа смртта, но останаа тешки инвалиди.DRPLJANIN UBIEC ALFA

Ова е втора пресуда за овој случај против Дрпљанин кој во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор за нападот.

Триесет и петгодишниот Дрпљанин беше уапсен летото 2012 година во Урошевац, на Косово, откако косовската полиција во станот каде престојувал најде огромен арсенал оружје, односно автоматски пушки, пиштоли, снајпер, панцири и униформи, но и големо количество злато за кое се претпоставува дека потекнува од вооружените грабежи во Скопје и во Тетово.

По Дрпљанин беа распишани неколку меѓународни и поголем број национални потерници за бројни тешки кривични дела извршени во Македонија.

Во Македонија беше екстрадиран од косовскиот затвор Дубрава во штипскиот затвор во јануари 2015 година.

Дрпљанин е осуден на осум години затвор и за разбојништвото извршено врз комбето на „Македонски пошти“ во скопската населба Чаир, кога беа украдени 900 илјади евра.

Беше осомничен за уште едно разбојништво во Скопје, во кое беа украдени над 4 милиони денари и за грабеж во тетовска златарница, од каде што беше однесено злато вредно стотина илјади евра.

Освен за овие дела, Дрпљанин е осуден на казни затвор од по една до две години или условни казни за кражби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1