Францускиот полициски комесар Елрик Фреду (45), кој ја водел истрагата за нападот врз редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во четвртокот е пронајден мртов во неговата канцеларија, пренесуваат француските медиуми.
Медиумската куќа „Франс 3“ и „leparisien“ јави дека инцидентот се случил во Лимож, административна престолнина на регионот Лимузин.
Напоменато е дека настанот не го пврзуваат со нападот во Париз и велат дека Фреду (45) пател од депресија. Чудно е што оваа вест многу бледо или воопшто не е спомената од големите медиумски куќи.
Непосредно пред да изврши самоубиство, Фреду се сретнал со семејство на жртва на нападот и се самоубил подготвувајќи го извештајот.
Сите сме шокирани. Никој не беше подготвен за ваков развој на ситуацијата, изјавил претставник на локалната полиција.