Полицијата се повлекува од централниот истанбулски плоштад Таксим, на местото каде има насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на плановите на власта за реконструкција на плоштадот.
Во меѓувреме, претседателот на Турција Абдулах Ѓул апелираше да преовладее здравиот разум и да се воспостави мир, бидејќи протестите поради реконструкција на плоштадот достигнале „загрижувачко ниво“ ја повика полицијата да не применува прекумерна сила.
Од друга страна, премиерот Реџеп Таип Ердоган, кој претходно денеска ги повика демонстрантите, кои протестираат од 28. мај, под итно да се разотидат, призна дека за време на полициските интервенции имало „екстремно“ реагирање против демонстрантите и рече дека тоа ќе биде истражено.
– Точно е дека имаше некои грешки, екстремна реакција на полицијата, рече Ердоган, по двонеделните судири на полицијата и демонстрантите во Истанбул, во кои, според информациите од медицинските работници, повредени се речиси 1.000 луѓе.
Министерството за внатрешни работи во меѓувреме соопшти дека ќе покрене постапка против полицајците кои употребиле прекумерна сила.