Горан Р. (52) уапсен е под сомнение дека рано утрото ја усмртил својата сопруга Јасмина Ж. (48) во нивниот семеен дом во нишкото село Медошевац.
На осомничениот за тешко убиство по налог на обвинителството му е одредено полициско задржување од 48 часа.
Несреќната жена е пронајдена мртва во креветот со поголем број повреди нанесени од метална шипка. Нејзиниот маж тврдел дека исто така е повреден и дека непознато лице го нападнало од зад грб. Меѓутоа со прегледот во нишкиот Клинички центар утврдено е дека се здобил со полесни повреди. Иако е утврдено дека во куќата се било растурено, се сомнева дека разбојништвото е фингирано.
На Горан паднал сомнежот дека е извршител на страотното злосторство поради трагите пронајдени на самото место како и поради изјавите на сведоците дека бил насилен кон жената.