Пресврт во истрагата за трагедијата во Тетово – Синот се обесил, таткото од тага по него си го одзел животот


Пресврт се случи во истрагата за трагедијата која се случи во семејството на познат лекар во Тетово. Според најновите сознанија на тетовското обвинителство, синот сам се обесил, а таткото од тага по него си го одзел сопствениот живот. Иако првичните информации беа дека станува збор за убиство и самоубиство, според сознанијата на Јавното обвинителство во Тетово, всушност станува збор за двојно самоубиство извршено со бесење, јавува Утрински весник.

detali-630x338Како што дознаваме, самоубиствата биле извршени во соба на горниот кат од семејната куќа на угледното тетовско семејство. Синот и таткото си го одзеле животот со пластично јаже. Натамошните истражни дејствија и вештачења на пронајдениот материјал, треба да утврдат како навистина се случил овој трагичен настан. Од Обвинителството велат дека не е пронајдено проштално писмо ниту од таткото, ниту од синот.

Се се случувало во нивната семејна куќа на улицата „Предраг Јанчевски“. Најпрво се слушнал пискотот на сопругата на лекарот која не можела да им поверува на своите очи дека нејзиниот син и сопругот веќе се мртви. Лелеци се слушале низ цело Ајдучко маало. Соседите се вознемирени од настанот, особено оние кои што со години наназад го познавале 56 -годишниот лекар, кој живеел во нивното маало. Го знаат како мирен човек, совесен лекар и грижлив татко, кој со години излегувал и за рака го шетал по уличките и сокаците својот 27- годишен син В.Е.

Истражните органи наведуваат дека не утврдиле никакви траги на насилна смрт, поради што телата на починатите се предадени на семејството, без да се изврши обдукција. Тие беа погребани на муслиманските гробишта во Тетово.

Покрај почнатиот син, сопружниците имаат уште едно дете кое што студира медицина. Неговиот татко, наводно сакал, неговиот син да ја продолжи семејната лоза и да се школува за лекар за да може да се грижи за него и за неговиот брат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1