Претепан и ограбен тинејџер на автобуска постојка во Центар


Осумнаесет годишниот скопјанец Ф.А. пријавил дека ноќта на 25 јуни околу 23.50 часот на автобуската постојка на булеварот Кочо Рацин во Скопје две непознати лица му извршиле разбојништво.

Додека Ф.А. чекал автобус, тие му се приближиле, едно од лицата ја ставило раката на појас, каде најверојатно имал нож и му рекол да извади сè што има во џебовите. Тогаш Ф.А. се обидел да избега, но сфизички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата, по што го легнале на земја и од џебовите му одзеле мобилен телефон и очила, а потоа побегнале.

Полицијата информира дека презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1