Во 20 часот во ЕИК од страна на обезбедувањето од Градската болница „Св.Наум Охридски“, пријавено е дека во болницата донесен бил повреден 66-годишниот С.Б. од селото Радишани-скопско, којшто во близина на резервоарите за вода, физички бил нападнат од страна на 65-годишниот П.Л. кој го удирал со стап во пределот на телото, при што му нанел тешки телесни повреди и тоа отворена рана на главата, изместено десно рамо, скршена чашка од десна нога, фрактура на лев рачен зглоб, констатирани од страна на лекар.