Претепан таксист, напаѓачите му го кршеле возилото со шипка


Неколу непознати маскирани лица ноќта кон средата претепале таксист и му го кршеле возилото со метална шипка.

Нападот се случил околу 3,15 часот на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје, додека триесет и тригодишниот таксист бил паркиран со своето возило.taksi-657x320

До неговото возило застанале две возила од кои излегле напаѓачите кои почнале да го удираат со тупаници преку отворениот прозорец на неговото возило.

Потоа го извадиле надвор и продолжиле со нападот, а еден од нив со метална шипка почнал да удира по возилото.

Веднаш по нападот сторителите влегле во возилата и побегнале од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1