Претепани тајни агенти во Бугарија – мислеле дека се крадци


Во Бугарија во близината на Плевен, ноќта меѓу 15 и 16 октомври биле претепани петмина француски агенти на тајната служба ДГСЕ – специјализирана за шпионажа пишува францускиот неделник „Ле Пуан“, кој се повикува на три бугарски интернет портали.

Двајца од агентите добиле повредеи на нозете, еден е со скршен нос, а другите побегнале, пренесува Курир.

Локалните жители помислиле дека станува збор за крадци, а употребиле и огнено оружје.

Во теренското возило кое го нашле во близина имало компјутери, падобран-тандем, за спуштње две лица, опрема за нуркање, професионален апарат за фотографирање и друга невообичаена опрема.

Повредените агенти се пренесени во болница, каде што самите побарале контакт со француската Амбасада во Софија, и објасниле дека биле љубители на екстремни спортови требало да слетаат над Романија но атерирале на 40 километри од предвиеденото место на бугарска територија. Дека потоа викнале свои другари кои во Бугарија влегле легално и со џип дошле да им помогнат.

Министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов објаснил дека биле воспоставени контакти со француските власти и дека „туристите“ биле вратени во Париз, откако им била пружена помош.

Францускиот неделник од своја страна се запрашува зошто екстремни спортисти скокаат од авион ноќе над Романија, во нуркачка опрема и атерираат во Бугарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1