Острови кои исчезнуваат кога ќе им се доближи брод


Фантомските острови, кои се појавуваа и исчезнуваа, со векови ги збунуваат светските морепловци.

На старите морски мапи нацртани се многу фантомски острови, но посебено интересен е еден остров кој минатите векови се појавувал и исчезнувал на различни делови од Атланскиот океан. Тој остров го нарекувале Breasil или Брезил, а дека постои се верувале се до 19 век.

Фантомскиот остров прв пат се споменува на Дулцертовата мапа во 1325 година и сместен е во водите јужно од Ирска. Мистериозниот остров се спомнува во Ирските легенди. Тој е поврзан со една стара келтска приказна за девет острови кои на секој 7 години се подигнуваат од морето и исчезнуваат кога ќе им се приближи некој брод.

Некои верувале дека нешто натприродно има тука, други дека тоа се џиновски суштества од морското дно, а во во Исланд живее една легенда која вели дека низ влезот на вулканот Хекла може да се стигне до подземните градови каде што сеуште живеат потомци на една стара и многу напредна цивилизација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1