Вчера околу 18.30 часот во Скопје на ул.„Антон Попов“, осумнаесет годишниот А.И. од Скопје физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица, при што бил удиран со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.