Претрес во СЈО и во домот во Гевгелија


Специјалната обвинителка Катица Јанева со полициска придружба е однесена во СЈО каде во нејзина придружба полицијата врши претрес на во работните простории, информира нашата екипа од терен.

Како што претходно објавивме Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Рускоска.

Полицијата во моментов врши претрес во работните простории на обвинителката Катица Јанева во СЈО. Како што дознава „Слободен печат“, претрес се врши и во нејзиниот дом во Гевгелија.

Обвинителката Јанева беше уапсена предмалку во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Рускоска.

Јанева вчера беше на распит во Обвинителството во врска со случајот Рекет, каде, како што информираше таа, била повикана во својство на сведок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1