Американката Саманта Бенет од Колбус, Охајо преживеала смртоносен менингитис, а денес е активна членка во друштвото кое ја подигнува свеста за таа кобна болест. Со помош на своите слики од пеперутки, Саманта им дава утеха на родителите чии деца починале.
Таа го преживеала смртоносниот менингитис поради кој била на дури 30 операции во своите 39 години живот.
Кога имала само девет месеци, Саманта добила бактериски менингитис, смртоносно воспаление на мозокот. Преживеала, но нејзиното тело било прекриено со лузни, лицето ѝ било оштетено, а половина од десното стапало и неколку прсти морале да ѝ ги ампутираат.
Но, болеста не ја спречила 39-годишната Саманта да ги исполни своите соништа. Таа станала успешна сликарка и страсна активистка, се омажила и родила два сина. Поради својот труд за подигнување на совеста за менингитисот, денес „Нешенл менингитис асосиејшн (National Meningitis Association (NMA)), американско друштво за борба против менингитис, ќе ѝ предаде награда.
За време на својот живот, Саманта била на 30 операции со кои ѝ биле реконструирани лицето и нозете.
– Долго време не можев да одам. Имав чувство како на нозете да имам бетонски плочи. Беше многу болно – рекла Саманта, а во јуни ја чека уште една операција за да ѝ се отстрани голема лузна од ногата.
Саманта уште од мала покажувала интерес за сликање, па тоа и го студирала, а нејзините слики станале популарни откако поттикната од трагичната смрт на нејзиното новороденче, почнала да слика пеперутки.
Медицинската сестра ѝ објаснила дека пеперутките на вратите од болничките соби значат дека тие пациентки ги изгубиле децата. Кога се вратила дома, Саманта почнала да слика портрети од жени кои имале абортус или децата им починале.
– Научив да се исцелувам низ уметноста. Секогаш плачам кога сликам такви портрети. Не ги познавам тие семејства, но сите тие се трогателни приказни – рекла Саманта која прави околу 100 слики годишно, а портретите на кучиња се најбарани.
Претседателот на „НМА“ Лин Бозоф пред пет години слушнал за Саманта и нејзините пеперутки и оттогаш таа е активен член на тоа друштво, борејќи се за достапност на лекот против страшната болест, влевајќи надеж со својата борбеност.