Не ни беше дадено никакво предупредување, ниту по радио, ниту визулено, така да не вршевме промена на курсот. Морате да ја разберете брзината што може да ја постигне бомбардер Су-24 , а која Ф16.
Рускиот борбен авион кој беше соборен кај турско-сириската граница не добил предупредувања од Турција за нарушување на воздушниот простор на земјата, тврди преживеаниот пилот Константин Мурахтин.
„Невозможно е да сме го повредиле нивниот воздушен простор дури ни за секунда“, рече Константин Мурактин за руските медиуми. „Летавме на висина од 6.000 метри во сосема ведри временски услови и јас имав целосна контрола на нашата патека на лет.“
Освен што ги негира тврдењата на Анкара дека авионот влегол во воздушниот простор на Турција, Мурактин, кој вели дека ја знае областа на мисијата „како сопствената дланка“, ги негира и тврдењата на турските власти дека пилотите биле постојано предупредувани.
„Всушност, воопшто немаше никакво предупредување. Ниту преку радио, ниту визуелно, така што во ниеден момент ние не го сменивме нашиот курс. Мора да ја разберете разликата во брзината помеѓу тактичкиот бомбардер како што е Су-24 и таа на Ф-16. Ако сакаа да нè предупредат, можеа и да ни седнат на крилото“, рече Мурактин, кој во моментов закрепнува во руската воздухопловна база во Латакија, северна Сирија.
„Всушност, проектилот ‘од нигде’ го погоди задниот дел на нашиот авион. Немавме време дури ни да направиме маневар за избегнување.“
Кога авионот бил погоден и паднал во Сирија, двајцата пилоти се катапултирале. Капетанот Сергеј Румјанцев беше убиен: една бунтовничка туркменистанска бригада тврди дека нејзини припадници го застрелале додека паѓал со падобранот.
Мурактин беше спасен во 12-часовна заедничка операција на руските и сириските специјални сили, во која загина еден руски маринец.