Преживеаните од Голи оток, не даваат на островот да се градат хотели


Здружението за Голи оток „Анте Земљар“ упати отворено писмо до политичкиот врв на Хрватска, со кое изразува протест поради тоа што меѓу 100-те недвижнини, за кои хрватската држава бара инвеститори се најде и Голи оток, и бара на местото на југословенскиот логор да се изгради спомен-обележје, пишува српски Курир

goli otok2-Судбината на Голи оток не смее да биде решавана на основа на комерцијални критериуми лишени од сознанието дека на тоа место, илјадници затвореници издржувале казни во нехумани услови, изложени на садистички малтретирања, на кои многумина им подлегнаа- се вели во писмото.

Здружението истакнува дека обврска на државата е Голи оток да стане меморијален центар, а не место за рекреација.

-Дали сме подготвени сопственото минато да го ставиме на јавна распродажба? Логорот на Голи оток е пример за грубото кршење на човековите права, каде од 1949 до 1956 година беа околу 13.000 затвореници без права на одбрана и судење, од кои 400 не ја преживеаја тортурата.

goli otokВо текот на физичка работа, во најтешки услови тие изградија згради и патишта, кои денес во циничниот бирократски речник стануваат предмет на понуда на инвеститори- се наведува во отвореното писмо на здружението.

Здружението предлага да се разгледа можноста, спомен подрачјето да се реализира како регионален проект, бидејќи Голи оток бил логор за сите народи и народности во поранешна Југославија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1