Научниците велат дека ги пронашле генетските корени на причинителите на болеста леукемија уште во утробата на мајката.
Експертите од Институтот за истражување на карциноми анализирале вкупно 3 милијарди секвенци на ДНК кодови кај идентични близнаци за да откијат што е тоа што ја активира болеста. Тие се надеваат дека новите докази објавени во „PNAS journal“ би можеле да доведат до откривање на нови лекови кои ќе се борат со болеста токму од нејзиниот извор.
Леукемијата е најчестиот вид на рак, дијагностициран кај деца. Една третина од децата заболени од рак боледуваат токму од леукемија. Студијата извршена на близнаците покажала дека најчеста форма на леукемија која ги напаѓа децата е „акутна лимфобластична леукемија“ (АЛЛ) што е рак на белите крвни зрнца.
Веќе е познато дека повеќе гени се поврзани со оваа состојба и дека многу фактори од околината најверојатно дејствуваат како активатори на болеста. Меѓутоа точниот настан кој води до појава на дијагноза акутна лимфобластична леукемија е непознат.
Научниците сакаа да дознаат нешто повеќе за болеста за да можат да применат подобар третман. Иако АЛЛ често може да се излечи, лекарствата кои се користат за третирање на болеста можат да предизвикаат непријатни, а многупати и сериозни несакани ефекти. Професорот Мел Гривс и неговите колеги одлучиле да проучуваат идентични близнаци кои имаат иста ДНК, наследена од нивните родители. Близнаците ја развиле болеста во раното детство на околу 4 години.
Преку споредување на примероци од крвта и од коскената срж подоцна во детството, научниците наишле на генетска мутација идентична кај двајцата близнаци, чест ген кој предизвикува леукемија наречен ETV6-RUNX1.
Истражувачите сметаат дека оваа мутација мора да се појавила кај еден од близнаците уште додека биле во матката на мајката. Клетки кои ја носат мутацијата која подоцна се проширила и кај другиот близнак преку нивната заедничка плацентна крвна циркулација. Кај идентичните близнаци биле пронајдени вкуно 22 други мутации, но ниту една од овие мутации не била заедничка за двајцата, што значи дека мора нешто да се случило по раѓањето за болеста да напредне.
Авторот на студијата, професорот Гревс вели: „Успеавме да го секвенцираме целокупниот човечки геном. Тоа ни покажа за првпат дека ова е клучот на мутацијата која го започнува целокупниот процес на леукемија. Другите мутации мора да се случуваат по раѓањето.“
Доктор Џули Шарп од Истражувачкиот Центар за Рак вели: „Ова интересно истражување покажа како проучувањето на ДНК на близнаците фрла светло на генетските грешки кои иницираат рак кај децата и последователните грешки кои се случуваат како што се развива ракот“
„Студии како оваа би можеле да ни откријат нови начини да целиме кон самиот корен на ракот и да ни помогнат подобро да разбереме како се развива билеста со текот на времето.“
Fakulteti.mk