Прифатен и вториот приговор – ќе се прегласува во 2 места во Струмица


На 7-ми април во Струмица на две гласачки места ќе има прегласување, ДИК го прифати и вториот приговор од ВМРО – ДПМНЕ.

zaevСпоред информациите од ДИК прегласување ќе има на избирачките места 1727 и 1730 додека за избирачкото место 1734 се уште се расправа.

Претставникот на ВМРО- ДПМНЕ, на денешната продолжена седница на ДИК, посочи дека во текот на гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица на лицето Костадинка Оцева и било оневозможено да го оствари своето прасво на глас, бидејќи веќе некој глас во нејзино име.

Инаку приговорот од ВМРО- ДПМНЕ на денешната седница беше прифатен со 4:3 гласа.

Зоран Заев во Струмица победи во првиот круг со разлика нешто поголема од 2000 гласови. Доколку сега ДИК го прифати и приговорот за избирачкото место 1734 процентот на Заев ќе падне под 50% и најверојатно ќе и втор изборен круг.

Skaj

ВИДЕО: КАВГАТА ВО ДИК ЗА СТРУМИЦА
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1