Пријателите се простуваат од Драгана: Обдукцијата ќе покаже што имала во крвта


По смртта на Адеа Шабани од Скопје, смртта на Србинката Драгана Шолаја исто така го потресе регионот.

Младата 24-годишна девојка отишла на програмата Ворк енд травел, а била пронајдена на улица без свест. Во болница не знаела што и се случило, по два часа починала, па и докторите немаат објаснување што и било.

Иако се мислело дека е под дејство на наркотици или алкохол, аналитите покажале дека имала некакви видови опијати.

Нејзините пријатели се простуваат од неа: – Ти благодариме што секогаш беше насмеана, помудра од годините и слатка. Ќе ни недостигаш до небото, стои во пораката.

Инаку, Драгана во Калифорнија, како што наведува Блиц, отишла кај проблематичното момче, кое било апсено за дрога.

Се очекуваат резултати од обдукцијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1