Меѓу широката лепеза на необични сајтови постојат и онакви кој ќе ве остават подзинати поради нивната ,,гупост,, таков е случајот со сајтот “Potential Prostitutes” наменет за корисниците да остават податоци – име, презиме, фотографија дури и телефонски број и локација на ,,потенцијална проститутка,,
Тие информации се потоа јавно достапни во листата на потенцијални проституки, а жените кои се нашле на овој срамен ѕид поим немаат дека се таму.
уште поиронично е што доколку на пример сакате да отсраните некоја регистрирана – пример си ја видите вашата слика, за да ја тргне сајтот ќе мора да му платите 99,95 долари.
Сајтот тврди дека ова е место за загрижените членови на локалната заедница кои дошле во контакт со скриени проститутки и на тој начин да ги предупредат сограѓаните.
Бизарно во секој случај. Ги нарушува сите човекови права, а голем број на луѓе веќе ја пријавиле страницата и бараат да биде изгасена. Но полицијата вели дека благодарение на дојави од граѓани досега уапсиле неколку проститутки, како и една од нив која на ,,работа,, го носела своето бебе.