Живеат на ул ,,Никола Тесла,, а немаат струја


Станарите на улицата ,,Никола Тесла,, во Буковац повеќе од 10 години имаат проблеми со струјата. Во оваа улица, која го носи името на научникот кој им даде светлина на луѓето низ целиот свет, сијалиците не светат.

strujaСелото Буковац е во близина на Нови Сад. Пред 10 години дошле да им ги асфалтираат улиците и таман жителите помислиле дека конечно цивилизацијата дошла до нив ете нов проблем – од тогаш до денес улицата нема струја.

,, во 21 век немаме струја, улицата ни е до пола асфалтирана па камионот за ѓубре не доаѓа, одиме кај комшиите од другите улици за да фрлиме ѓубре,, велат револтирани жителите.

Месната заедница изјавила дека некако таа улица ја пропуштиле, но дека ниту оваа година нема шанси да добијат струја бидејќи нема пари.

Жителите на улицата Никола Тесла на шега велат дека ќе бараат да се смени името на улицата барем светот да не им се смее.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1