Пријавете го шефот ако ве малтретира – од денес стартува законот за мобинг


Од денеска стартува примената на Законот за психичко, физичко и сексуално вознемирување или таканаречениот Закон за мобинг. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелираат сите работници кои се жртви на некој од овие видови вознемирување тоа да го пријават и да си обезбедат заштита која им ја нуди Законот.

work boss3– Од денеска сите наши колешки и колеги што се жртви на психичко, физичко или сексуслно вознемирување да се обратат до правните застапници на ССМ, до гранските синдикати, но и до Антимобинг канцеларијата при ССМ, рече на прес-конференција претседателот на ССМ Живко Митровски.

Законот, рече тој, е историски исчекор за заштита на правата на работниците и доказ за функционирањето на социјалниот дијалог во земјата.

– Донесувањето на законот беше неопходно и поради тоа што претставува основа за обезбедување здрава работна средина неопходна за општествениот напредок и градење на профитни вредности во компаниите, но и поради тоа што анализите покажаа дека како резултат на мобингот државата губи околу 1,7 милиони денари месечно губи дежавата како резулат на лекување на жртвите од мобинг, рече Митровски.

seff

Тој апелираше сите работодавци да го запазат законскиот рок од 3 месеци да ги информираат сите вработени за законот и да ги преземат активностите поврзани со објаснување на постапките. Исто така, рече, треба да ја состават листа на посредници.

Од ССМ се задоволни со законското решение, и особено од ригорозните казнени санкции, кои предвидуваат од 5 до 6 илјади евра за сите работодавачи кои не ги спроведуваат мерките поврзани со Законот за мобинг или до 4 илјади евра за лицето кое го врши мобингот, како и предвиденото надоместување на штета за сите жртви на психичко физичко или полово вознемирување.

Истражувањата што ги направил ССМ покажале дека на мобинг најчесто биле изложени вработени во текстилната индустрија, делови од здравството и јавната администрација. Најмногу од испитаниците, според Митровски, се пожалиле на психичко вознемирување, влијание врз способноста на работникот, а сосема малку на физичко вознемирување. Истражувањето покажало дека над 42 проценти од испитаниците се изјасниле дека биле изложени на мобинг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1