Експертите велат дека граѓаните не треба да имаат обврска да поднесуваат годишна даночна пријава за персонален данок, на ниту еден начин, ниту во хартиена форма, ниту електронски, зашто за тоа нема потреба. Тие потсетуваат дека со годишните извештаи (ГИ) што ги доставуваат фирмите и со месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН), УЈП практично ги има сите податоци за секој обврзник на данок и затоа нема потреба граѓаните посебно да го прават тоа.
Електронскиот начин на работа на УЈП велат треба да се приспособи на искуствата од другите држави и посочуваат на словенечкото искуство каде што фирмите, независно дали станува збор за редовен работен однос, или за хонорар, или пак за некој друг вид плаќање, внесуваат податоци за тоа што исплатиле и за данокот. Така, граѓаните и тековно имаат увид во својата заработувачка. Годишната пријава практично е пополнета, граѓаните ги проверуваат податоците.
ПлусИнфо