Приказна: Простете и ќе ви биде простено


Прочката е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите.

Еден ден, еден човек со голема тага во срцето се шеташе низ шума, размислувајќи за неговиот живот. Знаеше дека многу работи не се како што треба. Размислуваше и за оние кои го лажеа зад неговиот грб и за оние кои краделе од него и кои го измамиле. Се присети на членовите од семејството кои починале. Размислуваше за неговата болест која нема лек. Неговата душа беше исполнета со гнев и фрустрација.

race molenje procka

Бараше одговори кои не можеше да ги најде. Знаејќи дека сите го изневерија, тој клекна покрај едно големо дрво, да го бара оној кој секогаш е тука и со солзи во очите се молеше.

-Господе, ти имаш направено многу прекрасни работи за мене во овој живот. Ми кажа да направам многу работи за тебе и јас те послушав.

Денес, ти ми кажа да простам. Тажен сум Господе, бидејќи јас не можам да простам. Не знам како. Не е фер Господе. Не ги заслужив сите овие неправди кои се направени врз мене и не треба да простам. Знам дека твојот пат е совршен, но ова не можам да го направам, бидејќи не знам како да простам. Мојот гнев е длабок Господе, се плашам дека не те слушам, но се молам за да ме научиш на една работа која не можам да ја направам, научи ме како да простувам.

Како што клечеше под мирната сенка на големото дрво, тој почувствува како нешто падна на неговото рамо. Ги отвори очите. На аголот со едното око, тој виде нешто црвено на неговата кошула. Ја крена главата и виде две нозе на дрвото. Ја крена главата повеќе и солзи му надојдоа во неговите очи, бидејќи тој го виде Исус како виси на крстот. Ги виде клинците на неговите раце и трнливата круна на неговата глава.

Конечно тој го здогледа страдањето и болката на неговото лице. Кога се сретнаа нивните очи, човекот почна да липа и Исус почна да зборува.

-Дали некогаш си излажал, праша тој?- човекот одговори, “Да, Господе“.

-Дали некогаш ти имаат вратено кусур и го имаш задржано?- човекот одговори “Да, Господе“.

-Дали некогаш имаш земено нешто од работата што не е твое, го праша Исус?- човекот одговори “Да, Господе.“

И како што Исус прашуваше повеќе пати „дали некогаш…?“ Плачењето на човекот стана неконтролирано бидејќи можеше само да одговори “Да, Господе.“

Тогаш човекот почувствува како нешто падна на неговото друго рамо. Погледна и виде дека е крвта на Исус. Кога погледна наназад, неговите очи ги сретнаа оние на Исус и еден поглед на љубов кој човекот го немаше сретнато претходно.

-Ни јас не го заслужувам ова, но јас ти простувам.

И не само денеска, простувајте секој ден- простете и ќе ви биде простено.

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1