Вечерва 87-то доделување на Оскар


Наградите на Американската академија за филм, престижните Оскари, вечерва ќе бидат доделени, 87-пат, на церемонијата во Кодак театарот кој ќе ја води комичарот Нил Патрик Харис.

Харис ќе има тешка задача да ја надмине минатогодишната водителка Елен Деџенерис, иако досега има добиено 4 Еми награди за водење на бродвејските Тони награди.

oskar1
Во трката за Оскар за најдобар филм најголеми шанси имаат „Човек птица“ и „Растење“, а во конкуренција се уште и „Снајперист“, „Гранд Будапест хотел“, „Игра на кодови“, „Селма“, „Теорија на се“ и „Ритам на лудилото“.

Главни конкуренти за Оскар за најдобра машка улога се Мајкл Китон (Човек птица) и Еди Редмејн (Теорија на се), но тука се уште и Стив Карел (Борење со лудилото), Бредли Купер (Снајперист) и Бенедикт Камбербач (Игра на кодови).

Џулиен Мур за улогата во филмот „Се уште Алис“ е речиси сигурен победник во конкуренција за најдобра главна женска улога, а номинирани се уште и Фелисити Џонс (теорија на се), Mарион Котијар (Два дена, една ноќ), Розамунд пајк (исчезната) и Риз Витерспун (Дивина).

Оскар за најдобра епизодна машка улога најверојатно ќе ја добие Џеј Кеј Симонс за „Ритам на лудилото“, а во трка со Роберт Дувал (Судија), Итан Хоук (Растење), Едвард Нортон (Човек птица), Марк Руфало (Борење со лудилоto).

Патриша Аркет е фаворит за споредна улога како самохрана мајка во филмот Растење“. Тука се уште и Кира Најтли (Игра на кодови), Лора Дерн (Дивина), Ема Стоун (Човек птица) и Мерил Стрип (Маѓепсана шума.)

Фавотири за режисерскиот Оскар се Линкејтер и МексиканецотАлехандро Гонзалес Ињариту.

На црвениот тепих фимските ѕвезди најпрво ќе ги покажат најновите дизајнерски креации. Со засилено обезбедување церемонијата започнува во 1:30 по полноќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1