Рудолф Август Еткер го делеле само недели до почетокот на офицерскиот стаж во СС единиците на нацистичка Германија, кога дознал дека неговата мајка, двете полусестри и очувот загинале во сојузничкото бомбардирање во германскиот град Билефелд.
Таа загуба не претставувала само лична трагедија за тогаш 28 годишниот кадет Еткер. Тоа било удар за компанијата на др. Август Еткер, еден од главните снабдувачи на германската војска на фронтот во Втората светска војна.
Еткер бил ослободен од сите должности за да ја преземе контролата над семејната несреќа, во октомври во 1944 година. Во следните 60 години, поранешниот СС офицер, обучуван во Дахау, го проширил производството и се посветил на шпедиција, прехрана, пијалоци, банкарство, хотели… Создал конгломерат со над 26.000 вработени и годишен приход од 10,9 милијарди евра!
– Луѓето во компанијата се уште го сметаат за херој, кој направил голема компанија по војната – вели за Блумберг Свен Келер, коавтор на истражувањето во улога на семејството Еткер во Третиот рајх: Треба да се согледаат двете страни на лицето.
Еткер умрел во 2007 година, на 90 годишна возраст, оставајќи зад себе осум деца од три брака. Нивната империја денес вреди околу 12 милијарди американски долари, податоци се од индексот на милијардери на Блумберг. Поединечно, никој од потомците се уште не се појавил на меѓународните листи на најбогатите.
Секое дете на Еткер и нивните семејства контролираат по 12,5 отсто од холдинг компанијата Др. Август Еткер, со седиште во Билефелд, велат во компанијата.
– Ектерови се стабилна династија. И не ја преселија компанијата во Швајцарија, како што тоа го направија многу деловно успешни германски семејства – вели во разговор за Блумберг авторот на семејната биографија на Еткерови, Рудигер Јунгблут.
Приказната за богатството на Еткерови почнала во 1891 година, кога аптекарот Август Еткер почнал да продава долготраен прашак за пециво, а историјата го бележи како прв кој во Германија продавал еднократни пакувања со прашак за пециво и пудинг во прав. Неговиот единствен син Рудолф е убиен во битка кај Верден во Франција во 1916 година, како офицер на германската војска.
Три години подоцна вдовицата на Рудолф Ида Мејер се омажила за Рихард Каселовски, близок пријател на нејзиниот покоен маж, па тие двајца заедно со помладиот брат на Август Луиз Еткер ја презеле дејноста во 1921 година. Изградиле уште фабрики, се прошириле на други дејности во Германија, вклучувајќи и производство на машини за шиење, како и хемиска индустрија.
До смртта на Луиз Еткер во 1933 година, Каселовски веќе бил во редовите на нацистите, а Адолф Хитлер бил канцелар. Кон крајот на 30-тите години од минатиот век, Каселовски веќе бил во групата на бизнисмени и нацистички лидери кој ги собрал озлогласениот Хајнрих Химлер.
– Бил нацист по убедување и многу заинтересиран за стекнување на углед и блиски контакти со водечките партиски лидери – вели семејниот биограф.
Компанијата ја снабдувала воената машинерија на Третиот рајх, а освен додатоци за готвење, како што тврди комисијата за истражување на улогата на Еткерови, во нивните фабрики се произведувале топовски гранати и делови за митролези МГ 42. Во погоните на хемиската индустрија, работеле воени затвореници, тврди Комисијата.
Според зборовите на Келер коавтор на тоа истражување, Каселовски и Еткер само ги искористиле приликите кои им ги пружил режимот. Планирале победничка војна и се погрижиле војниците на фронтот да го јадат нивниот пудинг.
Младиот Рудолф Август Еткер бил регрутиран во 1940 година и доброволно се пријавил во СС една година подоцна. Неговата обука за офицер почнала во 1942 година и едно време бил обучуван во кампот Дахау, каде како што се наведува во истражувањето, заробениците од концентрациониот логор ги спремале собите на војниците.
Еткер го заробиле Британците во мај 1945 година. По две години бил ослободен и се вратил на чело на компанијата. Во неговиот бизнис во повоена Германија на рака му одела монетарната реформа и ниската инфлација. Во 1950 година Еткер произведувал 750 милиони пакети прашак за пециво и пудинг. Во следните 20 години ја откупил и дејноста на голем производител на шампањ, приватни банки, шпедиторски компании…
Во 1963 година Еткер се оженил по трет пат со Маја фон Малезе, која му родила три деца. Се пензионирал во 1981 година, а го наследил неговиот најстар син Август. Пензионерските денови ги поминал собирајќи уметнички дела и проширувајќи го луксузниот хотелски ланец, во кој има објекти на француската ривиера, во Германија, Париз…
До неговата смрт во 2007 година, Рудолф Август Еткер останал на чело на компанискиот советодавен одбор. Пет години пред смртта, многу свои акции ги префрлил на осумте деца и нивните семејства, пишува во книгата Еткерови.
Семејното богатство најмногу го чинело синот Рихард, кој во 1976 година бил киднапиран во парк пред еден факултет. Младиот Еткер киднаперите го држеле 47 часа во дрвена кутија и го мачеле со електрошокови, поради што момчето станало инвалид. Бил ослободен откако неговиот татко платил откуп од 21 милион германски марки. Приказната е опишана и во филмот Танц со ѓаволот од 2001 година, во кој ликот на киднаперот го толкува двојниот добитник на Оскар Кристоф Валц. Рихард Еткер денес има 63 години и е прв човек на компанијата.
Наследниците пред објавувањето на истражувањето за Еткерови никогаш не се изјаснувале за семејното нацистичко минато.
Најстариот син Август, се огласил за германскиот магазин Цајт (Die Zeit), во интервју во октомври минатата година: – Мојот татко бил националсоцијалист. Сега кога ги знаеме фактите, маглата се крена.
Инаку, се открило дека Еткерови биле поблиски до режимот на Адолф Хитлер од што се морало.
Сител