Приказната на една успешна скопјанка


Со своите 25 години скопјанката Емилија Божиновска веќе го живее својот сонот. Таа денеска заминува за Лондон и тоа за да заврши магистерски студии на еден од најпрестижните светски универзитети Кембриџ каде што е примена со целосна стипендија на катедрата за екологија.

За Вечер таа раскажува како нејзиниот сон се претворил во јаве, а упорноста и трудољубивоста биле нејзините водичи за да стигне до реномираниот универзитет. Божиновска била меѓу најдобрите во генерација во гимназија и меѓу најдобрите студенти на Природно-математичкиот факултет на биологија смер екологија.peperutki

Желбата да студира на Кембриџ и се појавила уште додека била студентка, но како што вели и самата, тоа и се чинело многу недостижно. Со нејзината приказна таа сака да ги охрабри сите млади луѓе кои сакаат да се надградуваат, а мислат дека немаат шанси на светските универзитети.

– Како студент се прашував како луѓето одат на престижни универзитети, мислев дека се потребни многу финансии, се прашував како добиваат стипендии. Сега се уверив дека ништо не е невозможно. Сепак, за да се аплицира на ваков универзитет потребно е да се има добар просек. На Кембриџ се бараше да имаш просек минимум 9, а јас имав 9,8. Исто така, потребни се препораки од професори кои јас ги добив од академик Владе Матевски и професорот Љупчо Меловски, кој е и претседател на македонското еколошко друштво. Тие ми напишаа одлични препораки и ми го прегледаа и мотивационото писмо кое исто така задолжително се испраќа со апликацијата. Сепак, покрај теоријата, волонтирањето и истражувачката работа се многу важен дел за да може апликацијата да се издвои од другите и да имаш поголеми шанси, вели Емилија која додава и дека во сето тоа немала да успее без огромната родителска поддршка.

Целата сторија погледнете ја на Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1