Случајни минувачи денес околу 12:40 часот пријавиле дека на излез од Прилеп непознато женско лице се самозапалило.
Трагедијата се случила на местото викано Салида, во близина на бензинска пумпа на излез од градот, кога жената во постари години се самозапалила.
И покрај обидот од случајните минувачи да ја изгаснат, таа починала.
Oбновено –
Осумдесет годишната Веселинка Филиповска е жената која денес попладне се самозапали откако се полеа со бензин во близина на обиколницата од Прилеп за Битола, пишува Канал 5.Според неофицијалните информации старицата веќе подолго време боледувала од психички проблеми.
Kurir