Прилепчанец им го продал детето за 5.000е, зошто немале да му платат за азилот во Белгија


Прилепчанец продал малолетно девојче во Белгија за 5.000 евра, оти нејзиното семејство немало да му даде пари за транпортот во Белгија, кадешто им ветувал дека ќе им дадат азил.

mvrПедесет и четиригодишниот измамник врбувал четиричлено семејство кое живеело во сиромаштија во Прилеп и им ветувал дека ќе ги пренесе во Белгија, кадешто ќе добијат азил, а парите требало да му ги вратат на рати кога ќе се стекнат со статус на азиланти и кога ќе почнат да им исплаќаат пари.

Семејството заедно со организаторот три пати биле враќани од пограничните органи и не им бил дозволен излез од Македонија.

Затоа измамникот преку туристичка агенција од Прилеп обезбедил ваучери за хотелско сместување во Будимпешта и во април годинава, го однел семејството во Будимпешта, а потоа ги сместил кај свои роднини во Белгија.

Но, наредниот ден, организаторот им побарал пари за транспортот во Белгија и им се заканил дека ако не му дадат пари ќе ја омажи нивната малолетна ќерка.

Бидејќи родителите немале пари да му дадат, тој насилно го зел девојчето и го омажил за непознато лице, на возраст од 16, 17 години за што семејството на момчето му платило 5.000 евра.

devojce - deteДевојчето го продал, а на семејството му организрал транспорт со автобус од Белгија за Германија, Дортмунд, каде ги чекало непознато лице кое требало да ги однесе до местото каде требало да бараат азил.

Во Германија како баратели на азил семејството останало се до 3 август. Адвокат од Германија ги советувал дека во врска со случајот со нивната ќерка ќе биде подобро да се вратат во Македонија и да побараат помош од институциите на матичната држава.

Тие се вратиле во Македонија и го пријавиле случајот, измамникот е фатен и одреден му е притвор во траење од 30 дена.

Завчера бил приведен уште еден скопјанец под сомнение дека криумчарел мигранти. Тој бил фатен како од село Оризаре кон село Белановце превезува патници од ромска националност, кои сакале да бараат азил во западноевропските земји.

Тој и претходно превезувал потенцијални азиланти во Косово за 250 евра од човек.

Секогаш ја користел истата маршута, односно илегално излегувал од Македонија кон Косово ги носел “азилантите” до автобуска станица во Гнилане, од каде тие со автобус заминуваат за Бујановац Србија, а тој се враќал по истиот пат за Македонија и истиот ден остваруваал легален излез на граничниот премин Табановце и во Бујановац на автобуска станица ги чекал истите патници и заминувале за Франција. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Макфакс

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1