Прилепчанка спаси новороденче од сигурна смрт


Дека нема ништо повредно од човечкиот живот, говори признанието за спасен живот, кое го добила 27-годишната прилепчанка Златка Баснаркова Велјаноски во Австралија. Нејзината човечност, храброст и брза реакција, ја направија јунак, спасувајќи четиринеделно бебе кое престанало да дише, додека ја вршела својата работа како обезбедувач во супермаркет. Далеку од својата држава, во место каде што е само странец, животот и се смени за 360 степени и од “обичен” обезбедувач во очите на Австралија стана херој, ценет и вреднуван. Доби сертификат за спасен живот, писма во кои лично и се заблагодаруваат сопственикот на компанијата за обезбедување, целиот менаџмент во шопинг центарот каде што работи и, се разбира, лично семејството на малата Ерин. За кратко време беше номинирана и за признание за спасен живот на петтиот континент, доделено од St. John Ambulance, а врачено од парламентарецот Филип Рудок. Нејзина приказна ја раскажа за прилепскиот локален неделник “Зенит”, prilepcanka bebe

Баснаркова, од неодамна Велјаноски, е 27-годишна прилепчанка, која пред четири години животот ја однел над 20 илјади километри подалеку од дома. Веќе две години со сопругот Игор Велјаноски се обезбедување. Тоа е необична професија за жена кај нас, а сосема нормална во Австралија. Додека работела како обезбедувач во супермаркет, Златка спасила четиринеделно бебе кое воопшто не дишело. Плач, врисоци и паника на сите страни. Во момент кога сите биле избезумени, и не знаеле што да направат и како да реагираат, пишува “Зенит” Велјаноски покажала присебност, реагирајќи во секунда.

– Додека ги правевме редовните патроли, ме повикаа да асистирам во една од собите за родители и деца. Луѓе во паника беа собрани околу жена која во рацете држеше бебе старо 4 недели. Не ми беше јасно што се случува. Слушнав дека некој разговара со брзата помош, кажувајќи им дека “бебето не дише”. Се се случуваше во неколку секунди. Кога слушнав дека бебето Ерин не зема воздух, а беше толку малечко и се бореше за живот го зедов в раце, ја завртив со главата кон земјата и почнав да ја тапкам на грбот додека не почна да го повраќа мајчиното млеко кое останало во тоа мало грло додека нејзината мајка го доела. За среќа и за многу кратко време Ерин се созеде, почна да плаче и да дава знаци на живот – раскажува Баснаркова Велјаноски.

Извици на среќа, возбуда, издишки на олеснување во околината. Обезбедувањето кое е симбол на сила и моќ, стана сентиментална девојка која низ солзи не знаела што се случува по напнатата атмосфера.

– Не знаев што направив. Сите ми честитаа за присебноста и херојскиот акт – вели таа.

И сопругот, со кој работеле во ист мол, бил најгордиот сопруг на светот.

– Во моментот бев премногу спокојна. Се чудам на себе си, како можев така мирно и сталожено да интервенирам покрај мала душичка која такаречи штотуку излегла од утробата на мајка си и не ги вкусила убавините на животот, невиното мало суштество да дозволам да замине без поздрав. Инстинктите на жена, идна мајка, веројатно ме водеа да реагирам Ерин да почувствува радост и да има мегдан да ги проба убавините на животот. Кога зедов здив, низ главата ми свртеа опасностите што можеа да го снајдат бебето. Треперев како лист во канцеларијата. Можеби секунди беа во прашање. Тим-лидерот ме успокои и праша дали знам што сум направила. Колегите ми честитаа. Тие беа родители и ги поделија емоциите со мајката на бебето.- раскажува Велјаноски.
Интервецијата и донесе номинација за признанието за спасен живот, а потоа и изборот за најхрабар потег. И комшиите, и пријателите, и колегите се гордеат. Чинот на спасување на бебето и признанието е поттик за професионален однос кон работата, и во исклучителни случаи.
На гала-вечерта со посебен дрес-код, во Australian War Memorial, , се наоѓала небаре во друг свет.

Една од причините поради која амбициозната девојка заминала во Австралија била желбата за независност. Првин се вљубила во униформите, а потоа во работата со обезбедување. Одбрала несебично да им помага на другите, изложувајќи го својот живот на помали или поголеми ризици. За деликвентите станала полицаец, за болните доктор, но воопшто не е пишман што избрала да биде обезбедувач, професија која им “припаѓа” на мажите.

Целата сторија на – www.zenitprilep.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1