Внимание: Температури до 41 степен и УВ-индекс 9


Времето во Македонија ќе биде сончево и насекаде многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 22, а највисоката дневна ќе се движи во интервалот од 34 до 41 степени.vreme toplo

УВ индексот ќе има особено висока вредност 9.

Во Охридско-Преспанскиот регион температирата на воздухот ќе достигне до 34 степени, а во Дојранскиот регион до 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а највисоката дневна ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде утре кога на места дневната температура ќе надмине и 40 степени. Потоа и во наредните денови ќе продолжи многу топлото време, но ќе има локално зголемување на облачноста и температурите ќе се за два до три степени пониски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1