27- годишната манекенка и кошаркарка ја загуби ногата поради тампон


Преубавата 27- годишна Лорен Васер ги красеше каталозите и насловните страници на многу светски магазини. Сите и предвидувале блескава кариера, а покрај моделството таа професионално се занимавала и со кошарка. Но, еден ден, сосема неочекувано изгубила се- манекенската и кошаркарската кариера, здравјето, а за малку ќе го изгубела и животот.1735000

За време на менструалниот циклус Лорен користела тампони, иако слушнала дека тампоните во многу ретки случаи може да предизвикаат синдром на токсичен шок, сепак сметала дека тоа нема да и се случи нејзе.

Лорен изјавила дека секогаш се придржувала до упатствата за употреба и ги менувала тампоните на неколку часа, додека една вечер нејзиниот живот значително не се променил.

Следното нешто на што се сеќава Лорен е дека во нејзиниот стан влегол полицаец, дека била одвезена во болница со висока температура, внатрешните органи почнале да и откажуваат и доживеала дури силен срцев удар. Лекарите не можеле да утврдат што се случува, се додека еден лекар не ги препознал симптомите и ја прашал Лорен дали користи тампони.15000Untitled-1

Таа добила синдром на токсичен шок кој и предизвикал гангрена и десната нога под коленото на младата манекенка и била ампутирана.

По излегувањето од болница, Лорен покренала тужба против компанијата која ги прозиведува тампоните, чија употреба манекенката за малку ќе ја чинела живот.

Лорен престана да се занимава со манекенство, но бидејќи е во врска со Џенифер Роверо- професионален фотограф, таа и се вратила на модната сцена барем на социјалната мрежа Инстаграм.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1