Принцезата не плаќала данок – ќе и се суди


Принцезата Кристина (48), најмладата ќерка на шпанскиот крал Хуан Карлос, е повикана денеска во суд во Мајорка, каде ќе биде соочена за обвиненијата за затајување на данок и перење пари.

spain-princess-christina-008Принцезата Кристина ќе биде првиот роднина на крал на Шпанија кој некогаш под обвинение се појавил пред суд. Повикувањето на принцезата во судот поврзано е со деловните афери на нејзиниот сопруг Инјаки Урдангарин, кој се наоѓа под истрага за проневера на пари од јавни фондови.

Урдангарин, поранешен професионален ракометар и репрезентативец на Шпанија, осомничен е дека заедно со деловните соработници затаил повеќе од шест милиони евра, кои од сметките на фондациите ги префрлил на сметки на приватни компании.

Постои сомнение дека Урдангарин од фондовите наплатувал непостоечки услуги и така ги полнел приватните сметки, но тој ги демантира таквите обвиненија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1