Принцот Хари е вљубен во грчка принцеза


Кралскиот наследник принцот Хари е вљубен. Според австралиските медиуми срцето му го украла грчката принцеза Марија – Олимпија. 31-годишниот Хари се запознал со русокосата аристократка благодарение на братучетка му Беатрис, која ги запознала.Princess-Maria-Olympia-2-217021-500x0

„Таа му го освои срцето. Двајцата веќе излегоа на неколку состаноци и дури планираат да одат на скијање во Швајцарија пред Велигден “, откри извор, кој сакал да остане анонимен.

 

Според блиските на Хари тој одамна не бил толку среќен. Од кралското семејство во Лондон одбија да дадат коментар за евентуален нов член на фамилијата.

 

19-годишната убавица е ќерка на принцот Павлос од Грција и принцезата Мари Шантал. Нејзиниот дедо, грчкиот крал Константин Втори абдицира во 1973 година. Девојката живее во Лондон, но сака да патува и да се забавува, исто како Хари.

Родена во Њујорк и пораснала во Лондон, таа е најстарата од петте деца и единствената девојка во семејството.Princess-Maria-Olympia-217024-500x0-419x630

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1