Приштина бара Белград да ја признае независноста на Косово


Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај изјави дека до целосно нормализирање на односите со Србија може да се дојде само откако таа ќе ја признае независноста на Косово.

kosovo je srbija fotoХоџај за време на својата посета во Берлин и средбите со пратениците од Бундестагот, истакнал дека постојат пет чекори во процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Според него, првиот чекор е имплементирање на сите договори постигнати во дијалогот со Брисел.

Вториот е расформирање на српските нелегални структури на Косово од страна на властите во Белград. Следен чекор е интегрирање на српската заедница во косовските институции.

Четвртиот чекор, според Хоџај, е Србија да не го блокира членството на Косово во европските организации и ОН.

– На крајот треба да се случи меѓусебно признавање на Косово и Србија како две независни и суверени држави. Само со исполнување на овие услови можеме да зборуваме за нормализирање на односите, нагласи шефот на косовската дипломатија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1