Прислушување само со наредба на ОТА – стартува со работа новата државна агенција


Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција, Зоран Ангеловски денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Средбата се случува пред најавеното почнување со работа на ОТА, на 1 ноември, како што е предвидено со Законот за формирање на оваа агенција, која треба да биде медиајтор во процесот на прислушувањето.

ОТА е интермедијарно тело, агенцијата е медијаторот во процесот на пресретнување на комуникациите и треба да биде независна во делот на техничката улога во следењето. Со формирање на новата агенција, наредбата за прислушување од обвинителството ќе оди до ОТА. Нејзината улога ќе биде само техничка, по добивањето на наредбата таа ја вклучува мерката, што подразбира дека го пренасочува сигналот кон корисникот односно барателот на услугите. Вработените во ОТА нема да можат да да собират податоци, да слушаат, само можат да го вклучат сигналот. Корисникот, односно барателот може само да слуша да собира податоци, нема да може да приклучува.

Целта на оваа реформа, која произлезе од забалешките на Прибе, е да се воспостави реална контролна моќ врз присшулувањето. По незаконското прислушување на над 20 илјади лица во Македонија, што со години го спроведувала поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, а на почетокот на 2015 година го објави тогашниот лидер на опозицијата, а сега премиер, Зоран Заев, преку проектот „Вистината за Македонија“, еден од топ приоритетите во извештајот на Рајхард Прибе беше реформирањето на безбедносниот сектор, со посебен акцент на тајните служби и системите за следење на комуникациите.

Целта на оваа реформа е да се одземе монополот на УБК врз следењето на комуникациите.

Пратениците и натаму ќе ја вршат контролата врз прислушувањето, преку собраниската комисија, составена од четири члена (двајца од мнозинството и двајца од опозицијата) и претседател од редовите на најголемата опозициска партија во Парламентот. Ќе може да вршат надзор без најава.

Во контролата, согласно Законот за следење на комуникациите се вклучени и Народниот правобранител, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Дирекцијата за лични податоци. Дирекција за безбедност на класифицирани информации ќе врши надзор над ракувањето со класифицирани информации, Дирекција за заштита на лични податоци врши надзор над законитоста на преземените активности при обработка на лични податоци, а Народниот правобранител врши надзор од аспект на почитување на човековите права и слободи.

Новина е Советот за граѓанска контрола, кој е составен од претседател и шест члена, а сите ќе ги избира Собранието. Парламентот распишува јавен оглас за назначување на претседател и шест членови, од кои тројца членови се претставници од невладините организации од областа на заштитата на основните човекови права и слободи, безбедноста и одбраната. Нивниот мандат е три години, а и тие ќе треба да поднесуваат годишен извештај за сработеното до Парламентот. Совет за да изврши контрола во ОТА или во операторите ќе мора претходно да се најави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1