Пристигна новиот iPad Pro, iPhone 6S и 6S Plus и Apple TV


OбожавателиТЕ на Apple можат да здивнат. Конечно се претставени последните модели на овој бренд: iPad Pro, iPhone 6S i 6S Plus, како и Apple TV.

Веќе на почетокот можевме да видиме како изгледа новиот и подобрен паметен часовник и да дознаеме дека за него се креирани 10.000 апликации. Меѓу нив е и Airstrip која на лекарите им овозможува во живо да ја следат здравствената состојба на пациентот.ajfon-6s-promocija3

Претставен е и новиот таблет iPad Pro, со екран од 12,9 инчи и 5,6 милиони пиксели, а има дури четири звучници. Ќе чини помеѓу 799 и 1079 долари.

Apple TV исто така е освежен – има паметен далечински управувач и полесно пребарување со Siri. Ќе чини 149 долари за 32GB, односно 199 долари за 64GB верзија.

Сепак, кралиците на вечерта се новите iPhone 6S и 6S Plus, за кои дизајнерите се пофалија дека се најнапредни паметни телефони на светот. Можете да ги добиете и во нова боја – Rose Gold, а имаат и функција 3D Touch.

A9 процесорот е 70 отсто побрз и донесува 90 отсто побрза графика. Камерата снима и 4К видео, а може да направите и анимирана фотографија од 1,5 секунди.

Телефоните ќе бидат во продажба од 25 септември, и ќе бидат достапни во 130 земји.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1