Притвор за монструмот кој ја силуваше малолетната ќерка


Триесет дена притвор му е одреден на Г.С. од карбинското село Радање кој ја силувал својата 13 годишна ќерка.

Против него е поднесена кривична пријава за родосквернавење, а како што е познато случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето. По извршениот гинеколошки преглед било утврдено дека малолетничката е силувана.mvr-apsenje

Таткото Г.С. живеел одделно од сопругата, која ги однела трите деца со неа во семејната куќа на родителите.

Таткото, по семејна расправија, ги зел децата кај себе. Во понеделникот ја силувал една од близначките. Г.С. често во пијана состојба ги малтретирал и своите родители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1