Основното јавно обвинителство – Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл. 193-а ст.3 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов. Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација: Фејсбук, Месинџер и Инстаграм, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.
Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднесе барање и за определување на мерка Притвор.
По спроведената постапка, судијата определи мерка Притвор во траење од 30 дена.