Притворите може да го искомплицираат двотретинското мнозинство за уставните измени


Притворот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како и притворите на поранешните фукционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски штетат на преговорите за зацврстување и проширување на парламентарното мнозинство за уставни измени, тврдат за Сител од новата пратеничка група.

Осумтемина пратеници кои првично на премиерот Зоран Заев му го обезбедија 2/3 мнозинство за промените на Уставот согласно договорот од Преспа велат дека сепак остануваат во процесот, иако јавно засега не сакаат да зборуваат пред камера.

„Да видиме што ќе донесе средбата на собраниското координативно тело во петок, но веројатно по тоа ќе треба и средба со премиерот Заев. Се оди во пакет: помирувањето, уставните измени и поддршката за владините реформски закони. Последните случувања особено можат да влијаат на нови колеги пратеници кои сакаа да се охрабрат и да дадат поддршка во последните фази од уставните измени“, велат од пратеничката група.

Во меѓувреме, Владата даде негативно мислење за законот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија за настаните на 27 април.

За ВМРО-ДПМНЕ овој потег на Владата е очекуван. Порачуваат владејачките пратеници сепак, да го поддржат законот, па ако треба амандмански да интервенираат во него. Опозициската партија смета дека власта со нејзиниот закон за амнестија се пазари за уставните измени.

Законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ е на собраниската седница во понеделник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1