Приучена козметичарка убила муштерија со „вампирски фејслифтинг“


Сандра Гонзалес од Јужна Калифорнија во вторникот била уапсена поради смртта на Амилет Суарез, една од клиентките на кои во нејзиниот нелегален салон неовластено и направила „вампирски фејслифтинг“, постапка со која се „пеглаат“ брчките со вбризгување на супстанци добиени од крвта на самиот клиент.

vampire15n-1-webКај Суарез по козметичкиот третман дошло до прекин на работата на срцето, се претпоставува поради примањето на инјекцијата. Таа итно била префрлена во болница, но лекарите не можеле да ја спасат.

Приучената козметичарка е обвинета за нејзината смрт и за недозволено поседување на опасни супстанци.Утврдено е дека Гонзалес во најмена собичка зад еден легален фризерски и козметички салон во кој работела, имала соодветни супстанци за извршување на сите козметички услуги што ги нудела: зголемување на усните, зголемување на задникот и „вампирски фејслифтинг, но не и потребна дозвола за нивно поседување и користење, туку само дозвола за терапевтска масажа.

vampirski fejs

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1