Приведен кандидат за пратеник од опозициска партија


Вчера вечерта полицијата привела кандидат за пратеник од една опозициска партија поради нарушување на изборниот молк.

policijaКако што дознава Press24 од полициски извори, кандидатот вчера бил приведен откако бил фатен додека делел промотивен материјал за изборите низ Кратово.

Бил одведен во полициска станица каде со него бил извршен информативен разговор по што бил пуштен. Одземена му е поголема количина на промотивен материјал.

Станува збор за носител на листа во една изборна единица кој истовремено е и сопственик на еден интернет портал.

Од полицијата ја потврдуваат информацијата дека вчера имало приведување на еден кандидат за пратеник, но не откриваат повеќе детали.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1