Синоќа околу 20 часот синоќа на локалниот пат кој минува низ центарот на Превалец се случи страотна несреќа. Како што јави порталот Дума, петгодишно детенце било прегазено од автомобил, а по ударот возачот не застанал туку продолжил да вози.
Како што денеска јавува Канал 5, велешката полиција го пронајде несовесниот возач кој го прегази детето и избега. Се работи за 29-годишен жител на Горно Оризари кој го прегазил детето кое чекало воз со својата мајка и брат.
Иако лекарите се обиделе да го реанимираат, детенцето им подлегнало на повредите.