Педофили објавувале снимки од сексуално злоставувани деца во Србија


Српската полиција уапси четири лица поради поседување детска порногафија, а петиот осомничен успеал да избега, објави денеска белградскиот весник „Блиц“.

Вчерашната операција е дел од акцијата „Армагедон“, спроведена во цела Србија.dete pedofil

Кај лицата, осомничени за педофилија се пронајдени застрашувачки порно снимки, на кои се злоупотебуваат деца.

Лицето Б.Б, кое успеало да избега имало лажен профил на Фејсбук, преку кој мамел малолетни девојчиња и барал од нив да се снимаат и да се фотографираат без облека, а потоа им се заканувал дека сликите ќе ги објави на интернет. Полицијата претпоставува дека Б.Б побегнал во Косовска Митровица.

Од петмината мажи, кај кои се пронајдени голем број порнографски снимки, на кои е забележано сексуално злоупотребување на деца и малолетници, Б.Б., кој е поранешен новинар на Танјуг, и С.Ч, и претходно се судени за педофилија.

Б.Б. поради истото кривично дело во 2012 година е осуден на три години затвор, но казната не ја отслужил, бидејќи го малтретирале другите затвореници, кои дури му ставале шипка во аналниот отвор.

С.Ч. бил осуден поради истото дело на условна казна. Тој на 14-годишна возраст во Германија е осуден и за убиство.

На пронајдениот порографски материјал има грозоморни снимки на злоупотребување на деца, а најмалото девојче на нив има пет или шест години. Полицијата утврдува дали децата се злоупотребувани во Србија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1