Најопасната аутопсија на светот: Телото на Литвиненко било радиоактивно до тој степен што не му приоѓале со денови!


Телото на поранешниот агент Александар Литвиненко, било радиоактивно до таа мера, што неговата аутопсија била „една од најопасните“ некогаш направени, изјавил вчера во Лондон патологот Натаниел Кери.

Кери рекол дека од телото на Литвиненко имало силно зрачење, до тој степен што два дена останало во постелата во лондонската болница во која починал на 23 ноември 2006. година, од труење со радиоактивен полониум-210.296255_litvinenko-ap_f

Инспекторот Крег Маскал, вчера на официјалната истрага по повод смртта на Литвиненко, рекол дека двајцата мажи кои се состанале со него, Дмитриј Ковтун и Андреј Луговој, сe уште се бараат за убиство.

Луговој за една американска агенција во Москва изјавил дека доказите кои досега биле претставени во истрагата – се „бесмислица“.

Британските власти завчера ја отвориле долгоочекуваната официјална истрага за смртта на Литвиненко, а истражната комисија во Лондон ќе се обиде да дознае кој стои зад неговото убиство, кое со години е пречка во односите меѓу Москва и Лондон.

„Би-би-си“ навел дека веројатно биле изведени два обида за убиство, пред Литвиненко да биде отруен со полониум во 2006 година во Лондон, на 43 години.

Во тој момент, поранешниот агент на руската Федерална служба за безбедност, која ја наследила КГБ, веќе шест години како бегалец се наоѓал во Британија.

На смртната постела тој го обвинил рускиот претседател, Владимир Путин, дека стои зад неговото убиство.

Истрагата навела на заклучок дека полониумот на Литвиненко му бил подметнат во чај, кој го испил 22 дена пред смртта во друштво со Луговој и Ковтун. Двајцата се поранешни руски агенти, а Луговој моментално е пратеник во руската Дума.

Една година по смртта, британските обвинители ги посочиле двајцата агенти како главни осомничени, но Русија одбила да ги екстрадира, со објаснување дека Уставот не дозволува екстрадиција на сопствени граѓани.

Аферата околу Литвиненко ги заладила односите меѓу Москва и Лондон, а иако ситуацијата се обидел да ја промени британскиот премиер Дејвид Камерон по преземањето на власта, плановите му ги променила кризата во Украина.

Целиот случај минал долг пат до започнувањето на истрагата, која треба да одговори на прашањето „кој го убил рускиот шпион?“.

Владата во Лондон, имено, долго време размислувала дали да започне истрага, бидејќи истата би подразбирала истражување на документи кои се „чувствителни“.

Тоа би можело да има врска со наводите дека Литвиненко, по добивањето на азил, работел за британските тајни служби МИ5 и МИ6.

Руското министерство за надворешни работи во септември 2014 година, соопштило дека е „тешко замисливо дека процесот може да биде објективен“.

Конечната одлука за тоа кој е одговорен за смртта на Литвиненко ќе ја донесе Кралскиот суд на правдата во Лондон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1