Приведен возачот кој го прегази 5 годишно дете, па побегна


Синоќа околу 20 часот синоќа на локалниот пат кој минува низ центарот на Превалец се случи страотна несреќа. Како што јави порталот Дума, петгодишно детенце било прегазено од автомобил, а по ударот возачот не застанал туку продолжил да вози.police-lenta-500

Како што денеска јавува Канал 5, велешката полиција го пронајде несовесниот возач кој го прегази детето и избега. Се работи за 29-годишен жител на Горно Оризари кој го прегазил детето кое чекало воз со својата мајка и брат.

Иако лекарите се обиделе да го реанимираат, детенцето им подлегнало на повредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1